14 јуни, 2016

Химната на ЕУРО 2016 доби видео запис

Дејвид Гета и Зара Ларсон, тандемот кој ја изведе песната и на свеченото отворање на ЕП во Париз, направи видео запис снимен ширум светот со луѓе од сите генерации. Преку Њујорк, Бразил, малите села во Индија, градчиња ширум Европа, приказната следи деца, тинејџери, професионални фудбалери и ентузијасти кои играат фудбал буквално на секое место каде можат да постават гол.

Без разлика дали се на улица, на пусто поле или пред десетина илјади гледачи, сите кои играат фудбал ги поврзува една работа – среќа. Спотот за „This One’s For You“ веќе го погледнале над три милиони луѓе, а после настапот на Гета пред Ајфеловата кула, како и на отворањето на првенството, песната бележи успеси и на светските топ листи.



Врати се горе ↑