29 јули, 2014

Хилари Даф се враќа со „Chasing The Sun“

По пауза од пет години, американската пејачка и актерка Хилари Даф се враќа на музичката сцена со нов сингл насловен „Chasing The Sun“. 26-годишната Даф, чиј последен студиски албум „Dignity“ беше објавен во 2007 година, во врска со новиот материјал изјави: „Направив мошне долга пауза од музиката, но тоа ми даде можност внимателно да ги изберам моите следни чекори и сум навистина горда на албумот што го снимив. ’Chasing The Sun’ е лесна и забавна летна песна и се надевам дека ќе им помогне на слушателите да се чувствуват безгрижно“, вели пејачката во соопштението.

„Chasing The Sun“ го најавува петтиот студиски албум на Даф, кој би требало да се појави есенва, а видео записот кој беше објавен денеска можете да го погледнете горе.

 



Врати се горе ↑