10 ноември, 2013

„Херојот“ на Ена повторно на ЈуТјуб

Пред околу две недели беше промовиран новиот видео запис за песната „Херој“ на Магдалена Цветкоска Ена, кој неколку дена по неговата промоција, поради нејасни причини беше тргнат од ЈуТјуб. Но, деновиве сите фанови и подржувачи на нејзината музика повторно можат да го видат видео записот на нејзиниот канал.

Видео записот за насловната тема од нејзиниот деби албум го изработи Горила продукција, во режија и монтажа на Владимир Дади Ивановски, музика Лазар Цветкоски, а текстот е на Магдалена.



Врати се горе ↑