3 јули, 2013

„Hermosa“ од Мараја Кери и Мигел доби видео издание

Иако и понатаму се очекува нов датум за објавување на нејзиниот нов албум „The Art of Letting Go“, Мараја Кери деновиве ги израдува нејзините фанови со шпанска верзија на актуелниот сингл „#Beautiful“, кој непосредно пред тоа доби и ремикс верзија во која покрај Мигел, гостуваше и колегата Ејсеп Роки. А сега, за „Hermosa“ пристигна и сосема нов видео запис, а како изгледа новата авантура на Мараја и Мигел можете да погледнете горе.

 



Врати се горе ↑