Свет hanson-get-the-girl-back-600x450

1 април, 2013

Хенсон подготвуваат нов сингл, албум, видео запис и турнеја

Се сеќавате ли на братското трио Хенсон и нивниот голем хит „MMMBop“ oд 1997 година? Токму денеска тие најавија многу новитети за оваа 2013 година, во која ќе бидат доста активни. Имено, триото по повод јубилејот од 21 година ќе го издадат нивниот деветти студиски албум насловен „Anthem“, закажан за 18-ти јуни, а веќе следниот месец ќе тргнат на голема турнеја. Но тоа не е сè! Најавниот сингл од овој албум „Get the Girl Back“ ќе добие и свој видео запис во кој ќе гостуваaт актерките Кет Денингс (од тв-серијата „2 Broke Girls“) и Ники Рид од „Twilight“, а премиерно ќе може да се види во четврток на VH1.com.

Турнејата ќе ја започнат во јули со настапот во Буенос Аирес, Аргентина, продолжуваат во Бразил, и сè до ноември ќе опфатат педесетина градови низ САД и Канада. Додека го очекуваме новиот сингл, да се потсетиме на големиот хит „MMMBop“.

 

Извор: Idolator



Врати се горе ↑