1 февруари, 2018

Хејли Стајнфелд ја екранизираше песната за „50 нијанси ослободени“

Како што се наближува премиерата на третото и последно продолжение од филмскиот серијал „50 нијанси“, се засилува и промоцијата на песните од саундтракот за филмот симболично насловен „50 нијанси ослободени“. Имено, после најавниот дует на Рита Ора и Лиам Пејн, како втор сингл беше објавена темата „Capital Letters“ од младата американска пејачка и актерка во подем, Хејли Стајнфелд, и хитмејкерот БладПоп, а сега го имаме и официјалното видео за неа, кое ве очекува горе.

Секако дека без соодветно видео не може да помине ни дуетот на Рита и Лиам, а видеото за нивната „For You“ прегледајте го во продолжение.

 

Освен овие две соработки, на саундтракот за „50 нијанси ослободени“ ќе се најдат и песни од Дуа Липа, Сиа, Џеси Џеј и други, а деновиве беше објавена и песната „Heaven“ од веќе докажаната авторка, но и пејачка во подем, Џулија Мајклс, а како звучи нејзиниот придонес за популарниот филм можете да слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑