„Heavenly“ во Банкок! Културна инвазија на Четкар во Далечниот Исток
После Јапонија, денеска во Тајланд, преку наjголемата музичка куќа во тој регион со седиште во Банкок, „Хитмен џез рекордс“, на најударни локации и музички продавници ширум Тајланд осамна новиот албум на Владимир Четкар испечатен во илјадници примероци!
Ова е историски музички момент за македонската авторска музика и прв пробив на македонски музичар во овие размери на Далечниот Исток (линк: www.hitmanjazz.com). Четкар е опишан како голем музички уметник – композитор и продуцент, гитарист и вокалист кој твори прекрасна позитивна музика и го враќа раскошот на седумдесеттите години на модерен начин.
После Јапонија и Тајланд, се јави голем интерес за издавање на новиот албум на Четкар и на пазарите во Малезија, Тајван и Кина и се надеваме дека наскоро повторно ќе имаме убави вести, јавуваат од менаџментот на познатиот музичар.