Македонија Petofi Radio Heavenly

12 март, 2014

„Heavenly“ на Четкар вистински хит во Унгарија

Песната на  Владимир Четкар  „Heavenly“ станува хит во Унгарија каде на најпопуларното национално радио, МР2 Петофи Радио (MR2 Petőfi rádió) од крајот на февруари е секојдневно на ротација! Песната е секојдневно вртена и на 90.9 Jazzy Radio (Budapest) кое допира до слушателите на џез и соул музиката додека Петофи пушта популарна мејнстрим музика  и во една ваква комбинација успехот на „Heavenly“ е навистина несекојдневен.
По повод популарноста на „Heavenly“ која во Унгарија секојдневно  расте, Петофи радио (mediaklikk.hu/petofi) утре, четврток (13-ти март, 2014) телефонски ќе го интервјуира Четкар директно од Њујорк.



Врати се горе ↑