Промоции 10801996_10154778569295043_1709223539794062221_n

13 ноември, 2014

„Heavenly“ на Четкар конечно ќе доживее промоција во Скопје

Изданието кое беше прогласено за ремек-дело во Јапонијастана вистински хит во Унгарија и направи културна инвазија во далечниот Исток, албумот „Heavenly“ на  Владимир Четкар конечно ќе стигне во Македонија! Нашиот светски познат џез музичар ќе одржи концертна промоција пред македонската публика, која е закажана за среда, 19 ноември во „Станица 26“ во Скопје.

Четкар ќе настапи со секстет и со трио, а ќе биде придружуван од Оли Јосифовски на бас, Гоце Стевковски на тапани, Сенад Усеин на труба, Филип Стевановски на тромбон и Борислав Веселинов на тенор саксофон. Веќе наредниот ден Четкар патува за Њујорк, каде на 25 ноември го очекува снимање за новиот музички проект на Боб Синклар и Димитри Фром Париз.

Промоција е со почеток од 22.30 часот, а билетите во претпродажба по цена од 200 денари можете да ги набавите во кафе барот „Кала“.  Фановите на музиката на Четкар албумот „Heavenly“  ќе можат да го купат во продавницата ½ Југотон во Скопје. Во продолжение уживајте со насловната тема од албумот, прекрасната „Heavenly“!

 

 

 



Врати се горе ↑