Концерт 1385333_369885853145182_1440531602_n

17 декември, 2013

Харис Џиновиќ во Скопје премиерно ќе ја испее „Калуп“

Легендарниот Харис Џиновиќ на концертот во Скопје на 21-ви декември премиерно ќе ја испее песната „Калуп“. На сценатa во Метрополис арената македонската публика ќе биде првата која ќе има ексклузивна можност да ја слушне најновата музичка приказна на човекот чии песни ги знае цел Балкан. „Муштулук“, „Пусти ме“ и останатите безвременски хитови ќе бидат само потсетување, додека пак „Калуп“ ќе биде сосема ново освежување на досегашната концертна приказна на Џиновиќ во Скопје. На 21-ви декември сцената во Метрополис арената ќе ја подели со момците кои од почетоците до денес собираат симпатии од публиката на сите настапи, Амадеус Бенд.

Влезниците за оваа новогодишна журка која само ќе ја разгори предновогодишната еуфорија, се при крај. Организаторите на само неколку дена до оваа голема предновогодишна журка, велат дека арената е скоро распродадена. На задоволство на сите кои што веќе обебзбедија присуство како и на сите останати кои што во деновите кои што следат ќе го обезбедат истото, организаторот најавува уште едни ексклузививни гости. Либеро Бенд. Македонскиот бенд кој почна со бројни настапи низ македонските кафулиња и дискотеки  а сега веќе работат и на свој материјал и песни. Либеро бенд на 21-ви декември на сцена ќе застанат рамо до рамо со регионалните Амадеус бенд.

За да бидете комплетно подготвени за оваа предновогодишна концертна приказна со Харис Џиновиќ и Амадеус бенд во главна улога и песната „Калуп”. Имате точно 4 дена да ја слушате. А на 21-ви декември во еден глас да ја пеете!

 



Врати се горе ↑