Балкан Haris-Dzinovic1

23 декември, 2012

Харис Џиновиќ подготвува албум со Жељко Јоксимовиќ

Познатиот пејач Харис Џиновиќ заедно со неговиот колега Жељко Јоксимовиќ подготвуваат албум. Непосредно пред неговиот концерт во Белград, за магазинот Вечерње Новости пејачот изјавил: „Точно е, подготвуваме нешто заедно. Песните се веќе готови, уште да ги довршиме текстовите, а за тоа сме задолжени јас и Марина Туцаковиќ. Јоксимовиќ е еден од најквалитетните композитори, аранжери и пејачи на овие простори – комплетна и комплексна музичка личност. Одушевен сум од песните кои ги преслушав во неговото студио, каде што тој секојдневно го поминува своето време. А кога некој е толку посветен, резултатите нема да изостанат.“ – рекол Џиновиќ, кој се надева дека албумот ќе излезе на пролет следната година: „Една од причините што не снимам често албуми е тоа што сум малку мрзлив и не сум премногу ажурен. Сè би одело многу побрзо доколку бев малку полетен. Се надевам дека албумот ќе биде завршен на пролет“.

 

 

 



Врати се горе ↑