Концерт 1385333_369885853145182_1440531602_n

25 ноември, 2013

Харис Џиновиќ и Амадеус Бенд предновогодишно во Скопје

На 21-ви декември, во Метрополис арената во Скопје, два спектакуларни концерта споени во една голема предновогодишна журка. Незаменливиот Харис Џиновиќ повторно пред македонската публика, во живо ќе ги отпее своите најголеми хитови. Најголемата балканска легенда на овој концерт, нема да биде сам. Сцената ќе ја дели со бендот кој што собира симпатии на цел Балкан – единствените и неповторливи Амадеус Бенд. Легендарните „Муштулук“, „Пусти ме“, „Позначеш ме“ на балканската легенда Џиновиќ во комбинација со модерниот звук на „Лажу те“, „Купи ме“, „Оверен“ и многу други на Амадеус бенд, ветуваат 5 часовна неповторлива забава.

Најголемата предновогодишна журка до 7-ми декември со ексклузивна цена на влезниците од 350 денари. Вип галерија – 600 денари, Вип партер – 700.

Резервации на телефон 078 96 99 98. Истите во претпродажба можете да ги најдете во: Југотон, Цвеќара Розе Веро 2, Камарад Рамстор и преку продажните мрежи на Купи карти за сè и МК Тикетс.



Врати се горе ↑