Свет hs

28 јуни, 2016

Хари Стајлс подготвува соло албум

После заминувањето на Зејн Малик од групата, останатите четири члена на британската сензација „Уан дајрекшн“ продолжија со нов албум и светска турнеја, но на почетокот на годинава најавија дека ќе направат пауза, што многумина го протолкуваа како крај за бендот.

Дека паузата ќе биде доста долга докажува и фактот што уште еден член од групата веќе работи на самостоен материјал. Станува збор за шармантниот Хари Стајлс, кој неодамна потпиша договор за соло албум со дискографската куќа „Колумбија рекордс“ што ја издаваше музиката на „Уан дајрекшн“ во САД. Според „Билборд“, сè уште не е одреден датумот за негово објавување.

Со оглед на тоа што првиот самостоен албум „Mind Of Mine“ и хитот „Pillowtalk“ на Малик беа мошне успешни и ги освоија врвовите на топ листите од двете страни на Атлантикот, можеме со сигурност да кажеме дека сличен, ако не и поголем успех го очекува и Стајлс.

Во меѓувреме, пејачот се обидува да изгради кариера и како актер, а неговото филмско деби ќе биде во новиот воен трилер на режисерот Кристофер Нолан, „Данкирк“, каде што ќе игра заедно со холивудските ѕвезди Том Харди и Марк Рајланс.

 



Врати се горе ↑