29 март, 2017

Хари и Елена конечно го објавија видеото за „Још ме плашиш“

После речиси цела година од објавувањето на „Још ме плашиш“, Хари Варешановиќ и Елена Ристеска конечно го објавија видеото за оваа дуетска тема што се најде на неговиот минатогодишен албум „Ќилим“. Набиените агенди на пејачите беа причина што снимањето се одвиваше „на рати“, односно на две локации и со два режисери. Имено, еден дел се снимаше во хотелот „Русија“ во Скопје, во продукција на „Џулијани“ и под режисерската палка на Васил Христов, а останатото се досними во Белград, во режија на Мурис Беглеровиќ.

Ви благодарам на сите за напорот и посветеноста со која работевте за конечно да го завршиме спотот и денеска да го објавиме“, напиша Ристеска претставувајќи ја екранизацијата на оваа песна, чиј автор на музиката е Хари, стиховите се дело на Алма Абдагиќ, Ален Лемешевиќ и Фахрудин Пецикоза, а сето тоа го аранжираше Дарко Димитров.

„Још ме плашиш“ конечно можете да го погледнете горе. Уживајте!

 

 



Врати се горе ↑