20 декември, 2016

Хардвел за Илинден во Охрид!

Глобалната суперстар диџеј ѕвезда Хардвел (Hardwell) за прв пат ќе настапи во Македонија, во рамките на фестивалот „Охрид колинг 2017“ (Ohrid Calling 2017), на 2 август на стадионот „Билјанини извори“, соопштија од „Авалон продукција“.

Високотиражниот хитмејкер со години е меѓу најдобрите 3 диџеи на светската ранг листа, а воедно е и најмладиот на кој тоа му пошло од рака. Директните преноси на спектакуларните настапи во живо со кои Хардвел едно по друго ги освојува најголемите фестивалски бини на планетата, заедно со спотовите и видеоблогот на Јутјуб, вкупно имаат повеќе од милијарда прегледи.

Станува збор за досега незабележан случај на успех на електронската сцена, но и феномен кој одекна во светската музичка индустрија. Неговите продуцентски вештини ги обезбедија и најголемите глобални ѕвезди како што се: Ријана, „Колдплеј“, Ели Гоулдинг, „30 секндс ту Марс“…

Покрај популарните ремикси, најголемиот успех на Хардвел му го донесоа неговите хит синглови: „Spaceman“, „Countdown“, „Jumper“, „Apollo“ и многу други. Минатата година излезе и неговиот деби албум со наслов „United We Are“, од кои произлегоа хитовите: „Arcadia“, „Young Again“ и „Sally“.

Во последниве неколку години, Хардвел е официјално најбараниот светски диџеј и продуцент. Сите информации околу продажбата на билети ќе бидат објавени во средината на јануари.



Врати се горе ↑