Галерија 20479584_1747613701933316_2661437013762226897_n

3 август, 2017

Хардвел го развеа македонското знаме на „Охрид колинг 2017“

Изминатите два дена во Охрид се одржа второто издание на фестивалот „Охрид колинг“ во организација на „Авалон продукција“, а главни ѕвезди на спектаклот во стадионот „Билјанини извори“ беа светските ѕвезди Афроџек и Хардвел. Заедно со нив настапија и специјалните гости Равитез, Данте Клајн и „Кил д баз“, а домашна поддршка дадоа „Сирилик“, Кортекс, „Дуо Зи“, Галоски и диџеј Александар.

20476505_1746616945366325_5373863083953701379_n

Музичарите направија одлична атмосфера и двете вечери, а она што особено ги воодушеви присутните беше кога Хардвел се појави на сцената облечен во специјално изработен дрес на македонската репрезентација, на кој стоеше неговото име и бројот 1 и кој го доби како подарок од организаторите, а во знак на благодарност за одличниот прием од публиката и по повод вчерашниот празник Илинден, познатиот диџеј и продуцент го развеа македонското знаме. Дел од атмосферата на „Охрид колинг 2017“ можете да погледнете во продолжение (и во галериите на Фејсбук – прва вечер и втора вечер).

20597039_1747616225266397_5038029940910136180_n

Следниот концерт во организација на „Авалон“ е оној на легендарните „Бијело дугме“, закажан за утревечер, 4 август, исто така на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, како и експресно распродадениот концерт на Стинг, кој ќе се одржи на 15 октомври во Скопје.

20596991_1746621612032525_8943491641801565730_n

Фотографии: Звонко Плавевски



Врати се горе ↑