Аудио stefan-kokovic-hajde-mala-videostill

30 јуни, 2014

„Хајде мала“ е новата песна на Стефан Коковиќ (X Фактор)

По темата „Паника“, која ја претстави во април, белградкиот уметник кој се прослави со учеството на првиот регионален „Х Фактор“, Стефан Коковиќ деновиве ја објави својата нова песна. Станува збор за темата насловена „Хајде мала“ која е резултат на долгогодишната соработка и пријателство со новинарот Милан Поповиќ, кој го напиша текстот, а за музиката се погрижи Душан Шејн Мандиќ, додека аранжманот е на Марко Дрежњак.

„Требаше да снимам друга песна, но тогаш Милан случајно ми ја пушти оваа и се заљубив уште при првото слушање. Велат дека песната едноставно си го наоѓа својот пејач, а токму тоа ми се случи мене“, изјавил Коковиќ, а како звучи „Хајде мала“ можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑