Македонија XAXAXA

13 ноември, 2012

„Ха, ха, ха“ на европска турнеја

Македонското инди-рок трио „Ха, ха, ха“ со концертот кој го одржа вчера во Ниш, Србија, започна едномесечна европска турнеја. Вокалистот и гитарист Васко Атанасоски, басистот Ненад Трифуновски и тапанарот Џано Kуч годинава го објавија вториот албум „Сиромашни и богати“. Групата, заедно со кумановското дуо „СИЗ“, веќе беше на турнеја, која ја заокружи со концертот во октомври во Младинскиот културен центар во Скопје. Но сега повторно тргнува на турнеја, а закажани се концерти во Србија, Хрватска, Словенија и во Белгија.

„Ха, ха, ха“ лани го објави своето деби-издание „Танго револуционер“ под етикетата на „Направи заедно“. „Сиромашни и богати“ се појави на музичкиот пазар на 8 септември годинава и доби исклучително добри оцени од критичарите во регионот. Во продолжение слушнете го првио сингл од новиот албум „Пробав да се исклучам“.

Извор: Дневник



Врати се горе ↑