Балкан 11188213_758902510897551_8425247034650262534_n

27 април, 2015

„Х фактор“: Жељко и Тончи вечерва одлучуваат за најдобрите 6

По синоќешната епизода, во чии рамки најдобрите шест од својата категорија ги одбра Александра Ковач, вечерва ќе ја видиме крајната одлука на Масимо Савиќ, како и настапите на кандидатите од категоријата девојки, чиј ментор е Жељко Јоксимовиќ, и категоријата групи на Тончи Хуљиќ.

Дека македонските кандидати и годинава претставуваат сериозна конкуренција докажаа нашите Боби Мојсоски и Давид Темелков, кои си обезбедија место меѓу 6-те момчиња, а вечерва ќе дознаеме дали своето место ќе го задржи и Алмир Исмаили, кој е дел од категоријата на Масимо – постари од 27 години.

 

Вториот дел од регрутниот камп ќе имаме можност да го проследиме вечерва со почеток од 22 часот и 20 минути на телевизија „Сител“, а веќе следната епизода започнува фазата домовите на судиите, кога и овие 24 кандидати ќе бидат преполовени.

Фотографија: Фејсбук



Врати се горе ↑