Балкан 11216591_767426926711776_3381126960927599336_n

17 мај, 2015

„Х фактор“: Вечерва започнуваат финалните емисии во живо!

Вечерва со почеток од 21 часот започнува последната фаза од натпреварот – финалните вечери во живо! Како што е познато, на водителската тројка Александар, Антонија и Снеже ќе им се придружи и хрватската актерка и водителка Николина Пишек, која заедно со Снеже ќе разговара и ќе ги бодри финалистите зад сцената.

На самиот почеток од емисијата ќе дознаеме кој ќе биде тринаесеттиот финалист, за кого се гласаше во изминатата недела преку апликацијата „Вајлд карта“ на „Самсунг“, потоа секој финалист ќе настапи со една песна, а членовите на жирито ќе даваат коментар и мислење за изведбата.

Откако ќе настапи и последниот финалист, публиката ќе започне да гласа за своите фаворити со праќање на СМС пораки, а додека трае гласањето, на сцената ќе настапи специјалниот гостин – шведскиот евровизиски претставник Монс Зелмерлоу, кој воедно е и годинешен фаворит за победа!

На самиот крај, двата финалисти со најмал број гласови од публиката уште еднаш ќе настапат со тн. „песни за спас“, па жирито ќе одлучи кој од нив ќе продолжи понатаму, а кој ќе си оди дома. Меѓутоа, ако гласовите на жирито се 2:2, крајната одлука е во рацете на публиката, така што дома ќе си оди оној кој добил најмал број гласови од публиката.

Од Македонија ќе можете да гласате на телефонскиот број 141 345 (за сите оператори), а секоја порака чини 23,6 денари. На официјалната страна на „Х фактор“ веќе е објавен и редоследот на настапи, каде што може да се види дека нашиот (засега) единствен кандидат Давид Темелков ќе настапи под еден број 4.



Врати се горе ↑