Балкан x-faktor-adria

7 јуни, 2015

„Х фактор“: Вечерва и утревечер финалистите ќе пеат песни по свој избор

Големото финале на „Х фактор“ е сè поблиску, а во трката за главната награда останаа уште 12 финалисти. Во овонеделните емисии во живо тие ќе пеат песни по свој избор, а и овој пат ќе се збогуваме со 2 кандидати – еден вечерва и еден утревечер. Нашите финалисти Боби и Давид сè уште добиваат огромна поддршка и од Македонија и од целиот регион, така што се надеваме дека ќе успеат да ја „преживеат“ и оваа недела. Давид ќе настапува вечерва, а можете да го поддржите со тоа што ќе испратите СМС порака со содржина 4 на телефонскиот број 141 345, додека Боби ќе го слушнеме утревечер и тоа со македонска песна!

Специјалните гости за вечерва доаѓаат од Хрватска. Првата е популарната пејачка Вана, која ќе отпее микс од еден стар и еден нов хит, а премиерно ќе го претстави својот нов сингл нејзиниот колега Петар Грашо, кој веќе беше дел од оваа сезона на „Х фактор“ како гостин – ментор во фазата домовите на судиите, помагајќи му во одлуката на Тончи Хуљиќ.

Преносот во живо на вечерашната емисија во живо гледајте го со почеток од 21 часот на телевизија „Сител“.



Врати се горе ↑