Балкан 11040381_759210137533455_2436016612710947021_n

28 април, 2015

„Х фактор“: Сите ментори ги „регрутираа“ најдобрите од своите категории

Регрутниот камп и предизвикот на шесте столчиња навистина беа еден од највозбудливите и најнепредвидливи делови од натпреварот, во кои Александра, Масимо, Жељко и Тончи ги одбраа најдобрите шест од своите категории. Единствената дама во жирито, Александра Ковач, беше првата која се соочи со оваа тешка задача во неделата, кога по едно столче му даде и на нашите кандидати Боби Мојсоски и Давид Темелков (категоријата момчиња погледнете ја овде), а Масимо ја финализираше одлуката на самиот почеток на синоќешната епизода. И нашиот Алмир Исмаили си го задржа своето столче во категоријата постари од 27 години, а му се придружија уште и Никола Марјановиќ, Срѓан Лазиќ, Амел Ќуриќ, Данијела Вечериновиќ и Јелена Ѓуриќ, додека дома си заминаа Ален Булиќ, Милош Јеремиќ, Марко Влаховиќ, Милица Дејановиќ, Стипе Гласовиќ, Ана Милосављевиќ, Нешад Селман и Хилдегард Мраковиќ.

Настапите на шесте „регрутирани“ во категоријата постари од 27 години на Масимо Савиќ Ве очекуваат во продолжение.

Алмир Исмаили – What Goes Around Comes Around (Џастин Тимберлејк)

 

Никола Марјановиќ – Someone Like You (Адел)

 

Јелена Ѓуриќ – Stop (Сем Браум)

 

Срѓан Лазиќ – Остани (Горан Каран)

 

Амел Ќуриќ – Лажеш злато, лажеш душо (Бјело дугме)

 

Данијела Вечериновиќ – Make You Feel My Love (Адел)

 

Се чини дека најдолг и најдраматичен беше изборот за категоријата девојки, а Жељко направи вистинска драма, враќајќи дел од натпреварувачките и по неколку пати. Сепак, на крајот неговата шестка ја сочинуваат Антонија Плешко, Катарина Симиќ, Марија Белада, Ива Ќуриќ, Магдалена Богиќ и Тијана Влајковиќ, а натпреварот заврши за Дарија Среќковиќ, Азра Келеција, Хана Полхе, Јелена Жнидариќ, Соња Чоко и Марина Цветковиќ, како и за битолчанката Марија Груевска.

Шесте девојки на Жељко Јоксимовиќ погледнете ги во продолжение.

Антонија Плешко – Небо (Нина Бадриќ)

 

Ива Ќуриќ – Кад си рекла да ме волиш (Дино Мерлин)

 

Марија Белада – ТNT (Еј-си-ди-си)

 

Магдалена Богиќ – Black Velvet (Алана Мајлс)

 

Катарина Симиќ – What a Feeling (Ајрин Кара)

 

Тијана Влајковиќ – Бол до лудила (Марија Шерифовиќ)

 

И за крај останаа групите на Тончи Хуљиќ, кој исто така се помачи при изборот, консултирајќи се и со колегите и со продукцијата. Македонците во оваа категорија за жал не успеаја да си обезбедат место во понатамошниот тек на наптреварот, така што дома си заминаа браќата Спасиќ, дуото „Спарклс“, прилепчаните Никола и Стефанија Дукоски и дуото „МК микс“, а повеќе нема да ги видиме ниту клапата „Стине“, „Хајп“, сестрите „4 Хартс“ и близначките Анѓела и Слаѓана.

Тончи ја искористи шансата да „украде“ дел од кандидатите кои не поминаа во другите категории, така што Милица Лојиќ ја додаде на триото „Анџелине“, а Фарис Пињо им се придружи на момците од групата „9 контрол“. Останатите четири групи кои ја поминаа оваа фаза се „У ла ла“, „Хајуеј“ (Highway), „Инфинитас“ и босанските фаворити Аднан и Тарик, а настапите на сите шест од оваа категорија погледнете ги во продолжение.

Анџелине – Back to Black (Ејми Вајнхаус)

 

9 контрол – Money On My Mind (Сем Смит)

 

Аднан Пацоли и Тарик Мулаомеровиќ – Да је туга снијег (Дино Мерлин)

 

Хајуеј – Круг (ЕКВ)

 

Инфинитас – Something’s Got a Hold On Me (Ета Џејмс)

 

У ла ла – Monday Morning (Мелани Фиона)

 

И покрај тоа што оваа борба за опстанок беше мошне тешка, веќе во следната фаза наречена домовите на судиите, сите категории ќе бидат преполовени, така што тогаш конечно ќе ги добиеме 12-те финалисти коишто ќе настапуваат во живо во финалните вечери, а за нивната судбина ќе одлучува публиката.



Врати се горе ↑