Балкан 11182259_760995744021561_1140083550769697949_n

3 мај, 2015

„Х фактор“: Масимо и Жељко ги одбраа своите финалисти

Во првиот дел од фазата „домовите на судиите“ имавме можност уште еднаш да ги слушнеме 12-те „регрутирани“ натпреварувачи од категориите на Масимо Савиќ (постари од 27 години) и Жељко Јоксимовиќ (девојки), кои со своите изведби дадоа сè од себе за да заслужат место во финалните вечери од натпреварот. Менторите имаа тешка задача да одлучат кои 3 кандидати ќе одат во финале, а кои 3 ќе си заминат дома.

Во улога на гостин – ментор, во домот на Масимо ја видовме неговата колешка Нина Бадриќ, која беше воодушевена од сите шест кандидати. Иако беше еден од фаворитите, нашиот Алмир Исмаили не успеа да си обезбеди место во финалето, но сè уште има надеж. Имено, откако ќе бидат одбрани сите 12 финалисти, продукцијата реши да им даде уште една можност на отпаднатите кандидати со тоа што публиката ќе може да гласа за својот фаворит, па оној со најмногу гласови ќе биде тринаесеттиот финалист. Алмир ја изведе познатата „Збогум најмила“ од Ѓоко Танески, а како изгледаше сето тоа погледнете во продолжение.

 

Не продолжуваат понатаму ни Данијела Вечериновиќ и Срѓан Лазиќ, така што првите три финалисти од категоријата постари од 27 години се Амел Ќуриќ, Никола Марјановиќ и Јелена Ѓуриќ. Нивните настапи Ве очекуваат во продолжение.

Амел Ќуриќ – Broken Strings (Џејмс Морисон)

 

Никола Марјановиќ –  Airplane (Ред хот чили пеперс)

 

Јелена Ѓуриќ – Hallelujah (Леонард Коен)

Впечатоците на првите три финалисти:

 

За одлуката кои три девојки да продолжат во финале Жељко се консултираше со еден од продуцентите на самиот проект, Мирко Вукомановиќ. Натпреварувачките од најнежната група се веќе меѓу фаворитите за голем дел од публиката во регионот, така што Жељко навистина се помачи при изборот на финалистките. Во финалните вечери во живо дефинитивно ќе настапуваат Катарина Симиќ, Магдалена Богиќ и Ива Ќуриќ, а на поддршка од публиката и можност да бидат тринаесеттиот финалист ќе се надеваат Марија Белада, Антонија Плешко и Тијана Влајковиќ.

Настапите на трите финалистки на Јоксимовиќ можете да ги погледнете во продолжение.

Катарина Симиќ – Бато (Калиопи)

 

Магдалена Богиќ – Чувај моје срце (Александра Радовиќ)

 

Ива Ќуриќ – Темпера (Џибони)

 

 

Во следната епизода на ред се кандидатите од категориите на Тончи Хуљиќ (групи) и Александра Ковач (момчиња), кога ќе ги видиме и преостанатите наши натпреварувачи, Боби Мојсоски и Давид Темелков, а со кои колеги ќе се консултираат за изборот на финалисти ќе дознаеме наскоро.

И.Ј.



Врати се горе ↑