Балкан kaliopi

7 мај, 2015

„Х фактор“: Калиопи и Петар Грашо на гости кај Александра и Тончи

Откако Масимо и Жељко со помош на Нина Бадриќ и Мирко Вукомановиќ ги одбраа своите финалисти, в недела својот избор ќе го направат и Александра Ковач и Тончи Хуљиќ. На единствената дама во жирито, која ги подучува натпреварувачите од категоријата момчиња, каде што се и единствените македонски кандидати годинава, ќе ѝ помогне токму нашата дива Калиопи, а Тончи за своите групи ќе се советува со неговиот колега, познатиот хрватски музичар Петар Грашо.

Во категоријата на Ковач, покрај нашите фаворити Боби Мојсоски и Давид Темелков, „регрутирани“ се и талентираните Антонио Криштофиќ, Илија Михаиловиќ и Синиша Видовиќ, а Тончи ќе одбира од групитеИнфинитас“, „У ла ла“, дуото Тарик и Аднан, „9 контрол“, „Анџелине“ и „Хајуеј“. 

Петар Грашо

Откако ќе бидат одбрани сите 12 финалисти (по 3 од секоја категорија), продукција одлучи годинава да додаде уште еден, тринаесетти финалист, така што в недела по завршувањето на емисијата публиката ќе може да гласа (само) за еден од отпаднатите кандидати. Гласањето, кое ќе се одвива преку посебна апликација на фан страницата на „Самсунг Србија, ќе трае сè до 17 мај, кога во првата емисија во живо водителите ќе објават кој натпреварувач собрал најмногу гласови и се враќа во натпреварот како рамноправен борец за победа.

За оваа втора шанса ќе се борат кандидатите кои отпаднаа во минатонеделната епизода, меѓу кои и нашиот Алмир Исмаили, како и оние кои ќе отпаднат в недела.



Врати се горе ↑