Балкан dt

11 мај, 2015

„Х фактор“: Давид оди во финале, но сè уште има шанса и за Боби и Алмир

Вториот дел од фазата „Домовите на судиите“, којшто вчера не се емитуваше во Македонија заради немилите настани што се случија во Куманово, сепак се емитуваше во останатите земји од регионот кои го следат „Х фактор“. Во оваа епизода беа избрани и последните 6 финалисти од категориите момчиња и групи, чии ментори се Александра Ковач и Тончи Хуљиќ. Како што е познато, гости – ментори во оваа епизода беа нашата дива Калиопи и хрватскиот музичар Петар Грашо, кои им помагаа на Ковач и Хуљиќ да ги изберат своите 3 финалисти.

Својот избор прв го направи Тончи, кој заедно со Грашо ги преслуша шесте „регрутирани“ групи: „Инфинитас“, „Хајуеј“, „У ла ла“, Аднан и Тарик, „9 контрол“ и „Анџелине“, па потоа одлучи во финале да продолжат четирите девојки од групата „Анџелине“, четирите момчиња од „9 контрол“ и браќата и сестрите „Инфинитас“ (фотографија горе), а (за сега) дома ги испрати „Хајуеј“, „У ла ла“ и Аднан и Тарик.

Потоа, Александра и Калиопи ја имаа тешката задача да одберат само три од шесте талентирани момчиња, меѓу кои и нашите Давид Темелков и Боби Мојсоски, како и Антонио Криштовиќ, Синиша Видовиќ, Милан Букилиќ и Илија Михаиловиќ. По долго размислување, Александра одлучи нејзините три финалисти да бидат Антониот Криштофиќ, Илија Михаиловиќ и нашиот Давид Темелков (фотографија горе), кој настапи со темата „Angels“ од Роби Вилијамс, посветувајќи им ја бранителите кои го дадоа својот живот за да нè заштитат. Неговиот настап можете да го погледнете овде.

 

Сите останаа зачудени кога Боби не успеа да си обезбеди место во финалето, но, како што ви пренесовме неодамна, продукцијата им даде уште една шанса на отпаднатите кандидати. Имено, веќе од синоќа започнато е гласање преку фан страниците на „Самсунг“, а кандидатот кој ќе собере најголем број гласови од публиката ќе се врати како тринаесетти кандидат и рамноправен борец за победа. За Боби или Алмир можете да гласате на апликацијата „Вајлд карта“ на фан страницата на „Самсунг Македонија“ на Фејсбук, со тоа што можете да гласате само еднаш и само за 1 кандидат. Гласањето ќе трае сè до 17 мај, кога ќе започнат да се емитуваат финалните вечери во живо. Талентираниот охриѓанец настапи со познатата балада „Always“ од „Бон Џови“, а како изгледаше сето тоа погледнете овде.

 

Видеата од синоќешната епизода сè уште не се објавени на официјалниот канал на „Х фактор“ на Јутјуб, така што ќе ги објавиме дополнително. На првите 6 финалисти од категориите на Жељко (девојки) и Масимо (постари од 27 години) можете да се потсетите овде.



Врати се горе ↑