Видео gwen-stefani-make-me-like-you-637x392

17 февруари, 2016

Гвен Стефани влезе во историјата со новиот видео запис снимен во живо на телевизија

На годинешното, 58. по ред доделување на музичките награди Греми, кое се одржа во понеделникот вечерта, Гвен Стефани го претстави својот нов видео запис за синглот Make Me Like You“, но она што го прави уникатен е фактот дека сето тоа се снимаше во живо! Пејачката за време од 4 минути успеа неколку пати да се пресоблече, да танцува и да вози ролери, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете во продолжение.

 

„Make Me Like You“ е втор сингл од претстојниот, 3. по ред студиски албум „This Is What the Truth Feels Like“кој ќе биде објавен на 18 март.



Врати се горе ↑