Свет gs

22 септември, 2014

Гвен Стефани со повратнички сингл во октомври

Како што Ви пренесовме неодамна, американскиот продуцент Дипло во неодамнешно интервју изјавил дека со Гвен Стефани работи на нејзиниот нов материјал, а сега на едно американско радио (наводно) се појавил и насловот на новиот сингл на членката на Ноу Даут. Имено, според нив, повратничкиот сингл на Стефани ќе го носи насловот „Baby Don’t Lie“ и би требало да се појави на 6 октомври.

44-годишната пејачка на почетокот на септември потврдила дека работи на нов албум за групата, но и на нејзиното трето соло издание, како и дека соработува со Фарел Вилијамс. Во моментов е актуелна со соработката со бендот Марун 5 за песната „My Heart Is Open“, а вечерва во САД започнува да се емитува и новата сезона на музичкиот натпревар „The Voice“, каде што Стефани ќе се појави во улога на судија и ментор заедно со фронтменот на Марун 5, Адам Левин, Фарел и кантри ѕвездата Блејк Шелтон. Нивната заедничка изведба на хитот „Hella Good“ од Ноу Даут можете да ја погледнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑