Аудио gwen-stefani-baby-dont-lie

18 октомври, 2014

Гвен Стефани се враќа со „Baby Don’t Lie“

Како што Ви пренесовме неодамна, вокалистката на групата „Ноу даут“, Гвен Стефани, паралелно со новиот албум на групата, го подготвува и своето трето соло издание. Како прв сингл денеска беше претставена темата „Baby Don’t Lie“, која ја потпишуваат Бени Бланко, Ноел Занканела и фронтменот на „УанРипаблик“, Рајан Тедер, а кон крајот на септември се снимаше и видео запис кој би требало да пристигне наскоро.

44-годишната пејачка во моментов е актуелна и со соработката со „Марун 5“, а наскоро ќе имаме можност да слушнеме како звучи и во комбинација со шкотскиот диџеј и продуцент Келвин Харис, чија заедничка тема ќе го носи насловот „Together“ и ќе се најде на неговото претстојно издание „Motion“, закажано за 4 ноември.

Сè уште неименуваниот нов албум на Стефани би требало да излезе до крајот на годинава, а повратничкиот сингл „Baby Don’t Lie“ можете да го слушнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑