Аудио gwenchristmas

2 октомври, 2017

Гвен Стефани ја започна празничната сезона

Иако до новогодишните и божиќните празници ни остануваат уште речиси три месеци, музичарите обично го подготвуваат празничниот материјал многу порано, па така уште кон крајот на септември стигнуваат првите песни за најубавиот период од годината. Една од нив годинава е и Гвен Стефани, која неодамна го најави своето прво празнично издание насловено „You Make It Feel Like Christmas“.

Албумот е мешавина од преработки на празнични класици, како и неколку новосоздадени песни. Заедно со најавата за албумот стигна и насловната тема, за која некогашната вокалистка на „Ноу даут“ ги здружи силите со своето момче, кантри ѕвездата Блејк Шелтон, а набрзо потоа следеше и нејзината верзија на „Santa Baby“, чии најпознати изведби се оние на Ерта Кит и Кајли Миног.

гс

„You Make It Feel Like Christmas“ е закажан за овој петок, 6 октомври, а како звучи Гвен Стефани во празнична варијанта можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

  1. Jingle Bells
  2. Let It Snow
  3. My Gift Is You
  4. Silent Night
  5. When I Was A Little Girl
  6. Last Christmas
  7. You Make It Feel Like Christmas
  8. Under The Christmas Lights
  9. Santa Baby
  10. White Christmas
  11. Never Kissed Anyone With Blue Eyes
  12. Christmas Eve



Врати се горе ↑