Аудио gwen-stefani-baby-dont-lie

21 октомври, 2014

Гвен Стефани ja најавува „Spark The Fire“

По штотуку објавениот прв сингл „Baby Don’t Lie“, кој наскоро ќе добие и видео запис, Гвен Стефани продолжува со промоцијата на нејзиниот трет студиски соло албум, кој би требало да пристигне до крајот на годинава. Имено, пејачката претстави краток инсерт од песната „Spark The Fire“, која многу повеќе потсетува на нејзините претходни теми и за чија продукција бил задолжен хитмејкерот Фарел Вилијамс.

 

Како што е познато, покрај својот соло албум, познатата русокоса работи и на седмиот по ред студиски албум на нејзината матична група „Ноу даут“, но сè уште не се познати никакви детали за наследникот на изданието „Push and Shove“ од 2012 година.



Врати се горе ↑