Видео

21 ноември, 2018

Гвен Стефани и Блејк Шелтон го екранизираа својот празничен дует

Со задоцнување од една година, американската пејачка Гвен Стефани конечно ја екранизираше насловната тема од минатогодишното празнично издание „You Make It Feel Like Christmas“, a за сето тоа доби помош и од своето момче, кантри-ѕвездата Блејк Шелтон, кој гостува во овој божиќен дует.

Ретро-гламурот во новото видео сигурно ќе придонесе песната конечно да се пробие на топ-листите, а некогашната вокалистка на „Ноу даут“ повторно освојува со класичниот изглед во стилот на иконата Мерилин Монро. Како изгледа сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑