Свет maxresdefault

18 март, 2016

Гвен Стефани го објави нејзиниот нов албум после 10 години

На новиот студиски албум насловен „This Is What the Truth Feels Like“ на Гвен Стефани се чекаше со години. Поточно цели 10 години, бидејќи нејзиното последно студиско соло издание „The Sweet Escape“ беше објавено во 2006 година. Најавен со синглот „Used to Love You“, кој е инспириран од распадот на бракот со Гевин Росдејл, пејачката и самата признала дека всушност целиот албум настанал од резултат од сето она низ кое што поминувала за време на бракот.

Веќе следните синглови „Make Me Like You“ и актуелниот „Misery“ се сосема спротивни приказни бидејќи Гвен минатата година започна врска со колегата од жирито во емисијата „The Voice“, Блејк Шелтон. И двајцата признаа дека ги споило заедничкото патење – нејзиниот распад на 13-годишниот брак и неговиот развод со кантри пејачката Миранда Ламберт.

Видео записот за „Make Me Like You“ е специфичен затоа што станува збор за првиот видео запис кој е снимен во живо и тоа за време на рекламите на годинешното доделување на наградите Греми.

1458296790gwen_stefani_album_cover

Албумот го напишала за само неколку месеци и го нарекува вистински албум „за раскинување“. И покрај тоа што пред две години ги објави сингловите „Baby Don’t Lie“ и „Spark Тhe Fire“, за кој соработуваше со колегата Фарел Вилијамс, ниту една од нив не се најде на новиот албум. Најновиот сингл „Misery“ беше објавен пред една недела, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑