Аудио 2

29 декември, 2015

„Гушни ме“ е новата песна на Пепа Димитрова

„Гушни ме“ е насловот на новата балада на вонсерискиот вокал и изведувач – Пепа Димитрова. Музиката е на Кирил Цветковски, текстот го напиша Огнен Неделковски, додека аранжманот е на Владимир Дојчиновски. „Гушни ме” претпразнично се најде на нејзиниот официјален канал на Јутјуб, со текстуален видео запис, каде се искористени фотографии од нејзина последна фотосесија. Песната воедно може да се слушне и на радио брановите на македонските радио станици.

По видео спотот за „Плачеш со мене“,  песната „Гушни ме“ само ги потврдува настојувањата на Пепа да биде поприсутна на македонската музичка сцена со нови песни и видеа, а голема е и желбата за еден албум и самостоен концерт во 2016 година.

 



Врати се горе ↑