Настани Kulturshock_04_bw_rez_72

19 април, 2013

Гуру поздрав од Култур Шок

На 28-ми април во скопскиот клуб „Хавана“ го пречекуваме мултикултурниот музички феномен КУЛТУР ШОК (KULTUR SHOCK). Еден од најдобрите бендови во живо познат по фуриозните настапи, доаѓа во Скопје, по повеќе од две години,во рамките на турнејата насловена „Grandpa Guru knows it all!“. Нашите стари пријатели од Сиетл се на нова турнејска авантура, овој пат вооружени со песните од новото ЕП. По тој повод, од Срѓан Џино Јевѓевиќ – „гуруто“ на ова етно панк-рок чудо, стигнува посебна порака само за македонската публика, која Ви ја пренесува преку овa видео, а за само неколку дена ве очекува и средбата во живо за незаборавно искуство со лудата комбинација на панк, балканско етно и „валкан“ рокенрол.

Ова гостување на бендот со над 600 концерти досега е концертна промоција на новото и одлично ЕП издание насловено „Tales of Grandpa Guru, Vol 1“. Чувствувајќи се ограничено од пристапот кон „концептуален албум“, бендот го напушти лонг плеј форматот во корист на 5те песни спакувани во ЕП кое го објавија во јули 2012, за нивната сопствена етикета Култур Шок Рекордс. Како еден од најдобрите бендови во живо кои настапувале на три континенти во изминативе 12 години, Култур Шок одлучија дека општествените и политички коментари, спакувани во ништо помалку од брз и фуриозен етно-панк-метал е нивниот повик во ова време. Како вообичаено, бендот ги изложува овие три главни компоненти кои го одбележуваат нивниот звук и тоа беспрекорно интегрирани – не можете да одредите каде завршува влијанието на балканскиот фолк, каде детонирачката метал ритам секција еруптира, како панк-рок непочитувањето го обвива сето друго –  а сѐ на крајот некако се претопува во заштитниот звук на бендот.  Иако често ги споредуваат со нивните колеги од поранешните турнеи Гогол Бордело и поддржувачите Систем оф а Даун, Култур Шок низ годините создадоа комплетно нов жанр, со непогршлив тон и став.

 

Настапот на Култур Шок ќе се одржи во клуб „Хавана“, на 28 април со почеток во 21:30 часот.

Влезниците за овој концерт се достапни во продажната мрежа на МКтикетс (Југотон, Кафе Круг – Аеродром, Кафе Браво, Цвеќара Роце – Веро 2). Цената во претпродажба е 250 денари, а на денот на концертот тие ќе чинат 300 денари.



Врати се горе ↑