Аудио

23 август, 2018

Гуру Харе и Игор Џамбазов откриваат каков им е „Секој ден“

Откако сфатија дека „Староста доаѓа“, Гуру Харе и Игор Џамбазов решија да ни откријат како им поминува „Секој ден“. Како и претходната песна, така и оваа е авторско дело на самите уметници, кои се потпишуваат на музиката и стиховите, а за аранжманот им помогна колегата Трајко Симоновски – Таци, кој се погрижи и за снимањето и миксот, додека на кахон гостува Златко Михајловски – Бумбар.

Сето тоа со текстуално видео го комплетираше Александар Јанковиќ – Фриц, а каков им е „Секој ден“ на Харе и Џамбаз дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑