Видео

21 мај, 2019

Гуру Харе и Аки Рахимовски ја претставија емотивната „Мајко“

„Имам крилја да летам горе над овој тажен свет, сакам до сонцето да светам, да пеам, да ме чуе цела вселена“, пее Аки Рахимовски во новата песна на неговиот колега Гуру Харе, емотивната „Мајко“, со која познатиот блузер го најавува својот нов албум. Игор Атанасоски, кој се крие зад псевдонимот Гуру Харе, се потпишува и како автор на музиката и на стиховите, а аранжер и продуцент е Диран Тавитјан.

За уште посилно и визуелно да се долови емоцијата на „Мајко“ се погрижи екипата на продукцијата „Мелем“, под режисерската палка на Огнен Шапковски, а улогите им припаднаа на Виолета Шапковска, Сеад Хаџиќ, Милан Тоциновски и Јан Теодоров.

„Прекрасно! И мелодијата и спотот… за жал, го отсликува нашето секојдневие“, „Ежење е песнава, секоја чест“, „Секоја нота е златна… секој збор платина“, „Со душа за душата“… ова се дел од коментарите запишани под видеото на „Мајко“, а дали и Вам ќе Ви го остави истиот впечаток, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑