17 септември, 2015

Гуру Харе го претстави својот „Пријател“

Познатиот македонски блузер Игор Атанасоски – Харе, односно Гуру Харе деновиве го објави видео записот за темата „Пријател“, која се најде на неговиот последен албум и во која гостуваат Оскар Салас (перкусии), Иван Бејков (бас) и Кирил Кузманов (флејта). Видео записот го режираше Александар Даутовски – Махххо, а монтажата ја направи Александар Јанковиќ – Фриц. Во снимањето на спотот, кое се одвиваше во пабот „Леџенд“ во Скопје, учествуваат и Иво Блузмен и Сања Данчевска, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑