Аудио hare

12 април, 2017

Гуру Харе е „Заглавен во транзиција“

По неодамнешната заедничка соработка со Игор Џамбазов и Сашо Гигов-Гиш под името „Старите мачори“, огледана во темата „Промена“, македонскиот рок и блуз гитарист и автор Игор Атанасоски – Харе, има ново музичко парче. Станува збор за 2-минутната песна насловена „Заглавени во транзиција“, која одично ја опишува ситуацијата на нашата земја, од нејзиното осамостојување во 1991 година до денес.

Музиката, стиховните фрази, гитарските делници и вокалот се на Игор Атансовски – Харе, бас делниците ги свири Трајко Симоновски-Таци, тапаните Златко Михајловски – Бумбар,  FX Жарко Пејковски – Жба, а сето тоа е снимено во живо од Мите Димовски, кој го потишува и мастерингот, во неговото студио „Тра-ла-ла“ во Бардовци

Видеото во позадина е авторско дело на Александар Јанковиќ – Фриц. а како изгледа и звучи „Заглавени во транзиција“ можете да погледнете во продолжение. Уживајте!

Фотографија: Фејсбук



Врати се горе ↑