30 јануари, 2014

Груви Тјунс го објавија својот нов сингл „Сваки дан“

По деби синглот „Замисли“, неодамна формираниот српски бенд  Груви Тјунс (Groovy Tunes) го објави својот нов сингл насловен „Сваки дан“. Груви Тјунс е проект на Мирослав Вујичиќ (вокали и текст) и Богдан Радовиќ (музика), авторско дуо познато по заедничката работа во бендот Љуте Папричице.

„’Сваки дан’ е нова песна со која ја започнуваме работата во 2014 година. За разлика од претходната, оваа тема има малку потврд звук и можеме да ја сместиме во панк/рок/фанк жанрот. Песната има изразен ритам, а текстот со љубовна тематика. Сакаме да им се заблагодариме на сите за позитивните реакции на првиот сингл! Планираме редовно да објавуваме нови песни и интересни аудио и видео изданија. За сите информации околу работата на бендот Ве покануваме да нè посетите на адресата www.groovytunesmusic.com, како и на Фејсбук и ЈуТјуб.“ – велат од Груви Тјунс.

Првиот сингл „Замисли“ можете да го преземете на нивната веб страна, а „Сваки дан“ ќе го најдете на овој линк. И двете песни се достапни на дигитални сервиси како што се iTunes, Amazon, Deezer и други.



Врати се горе ↑