21 октомври, 2014

Групата „Ти“ сними видео запис за „Видимо се“

„Музиката на групата „Ти“ зборува за големи животни теми и сместена меѓу валканите улици и огрубените лица на некој голем, пропаднад град.“ (Милан Вукелиќ, НИН, 2014 година) Да го нема тој град, тие улици и тие лица на кои токму мелодиите на групата „Ти“ им предизвикуваат насмевка и задоволство, не би бил ни овој видео запис, кој Илија Дуни и Трајче Николовски го снимија за песната „Видимо се“. Секој потег на групата „Ти“ е спонтан и мошне непредвидлив, па така и одлуката да снимат видео запис за песна која не се наоѓа на атуелниот албум „Видимо се!“, туку за сингл од ЕП изданието „Колико дана“.

„Нашиот другар Лука Михајловиќ ни предложи да направиме забава во напуштени вагони, да ја забележиме со камера и да ја овековечиме во видео запис токму за песната ’Видимо се’. Свиревме преку три часа и одлично си поминавме во друштво на пријателите, кои притоа и многу ни помогнаа, па им благодариме за тоа“, објаснува Илија Дуни, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.

Групата „Ти“ во последните шест месеци настапуваше ширум регионот, а со концертните активности ќе продолжи и во текот на есента во Словенија, Македонија, Хрватска, како и во повеќе градови во Србија. Во рамките на турнејата „Од Вардар до Триглав“ со групите „Трус (TRUS!)“ и „Д Џон (The John)“, на 30 октомври групата ќе настапи во МКЦ во Скопје.

Следете ја и слушајте ја групата „Ти“ на facebook.com/grupa.ti,

itunes.apple.com/us/artist/ti/id864074132

deezer.com/album/7702559

deezer.com/album/7702558

 Фотографија: Аленсандар Стојадиновиќ



Врати се горе ↑