8 април, 2014

Групата Ти објави видео запис за песната „То су само речи“

Групата „Ти составена од Македонците Илија Дуни и Трајче Николовски, деновиве го претстави новиот видео запис за првиот сингл од албумот „Видимо се!, односно песната „То су само речи“. Но, тоа повеќе не се само зборови, туку вистински уличен танцувачки спектакл кој на оваа тема ѝ дава дополнителна уметничка нота.

„Трајче и јас сосема случајно наидовме на видео објавено од членките на танцувачката група ’Грув’ и во истиот момент бевме магепсани од рага/денсхол кореографијата која ја осмисли Ивана Бузански. Додека го гледавме видеото, ја пуштивме песната ’То су само речи’ и… се случи магија! Движењата кои ги изведуваа Ивана и девојките совршено се вклопија со музиката! Посебно сме благодарни на Весна Пашќановиќ која го препозна потенцијалот на оваа соработка.“, објаснува Илија Дуни како настанала идејата за видео записот.

Кореографијата која ја изведоа членките на танцувачката група „Грув (Groove) од Нови Сад, Србија, ја осмисли Ивана Бузански, а за монтажата на видео записот беше задолжена Марија Јаќимовиќ. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

 



Врати се горе ↑