Македонија ps-kskn-sf-videostill

6 јули, 2014

Групата ПС се враќа на музичката сцена

Многумина се сеќаваат на женската група ПС која во деведесеттите години беше едно од најпопуларните имиња во тогашната забавна музика, претставувајќи хитови како што се „Сон“, „Сенка“, „Денот“, „Кажи што ќе направиш“ и други, а често соработуваа и со Врчак  (И повторно сам, Пред да заспијам) и други колеги од естрадата. Составена од Анета и Геновева Качуркови и Јулија Карамитрова, групата ПС се враќа на музичката сцена, но дополнета со уште една нова членка, Марина Карамитрова. Девојките веќе активно работат на нивниот нов албум, а нивниот повратнички настап ќе биде на претстојниот Скопски фестивал.

Иако не се појавуваа на сцената како ПС, девојките сепак беа активни на музички план. Во 2008 година, Анета настапи на Скопје Фест со песната „Порака“, беше актуелна и со соработката со Роберт Билбилов за песната „Април“, како и со албумот „Universalove“, а се потпиша и како автор на бројни песни од други изведувачи. Геновева, пак, се бавеше со електронска музика, Јулија е дел од Биг бендот на МТВ, а Марина пее во хорот Злата Мегленска.

Во продолжение потсетете се на нивните хитови.



Врати се горе ↑