Балкан 6-njih3

4 март, 2013

Групата „Моје 3“ ќе ја претставува Србија на Евросонг

Синоќа, на финалето на фестивалот Беосонг беа претставени петте композиции кои по пат на СМС беа избрани на полуфиналната вечер. Како што пишуваат српските медиуми, победата на трите девојки Сара, Мирна и Невена кои беа финалистки на музичкото шоу „Првиот глас на Србија“, била очекувана.

Песната со која трите девојки од групата Моје 3 ќе ги бранат боите на нашиот северен сосед е насловена „Љубав је свуда“, а изведбата можете да ја погледнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑