26 март, 2015

Групата „База 903“ го претстави својот нов видео запис „BooM“

Неконвенционалната група „База 903“ од Скопје на македонската јавност ѝ ја претставија својата нова песна насловена „BooM“, заедно со уникатен видео запис. Видеото имаше ексклузивна телевизиска премиера завчера во емисијата „Бекстејџ“ на МРТ 1, а веќе брои над 2700 лајкови на „Јутјуб“.

„Со најразлични влијанија и имплементирање на кросовер стил како наш печат, секој од нас пробува да придонесе за групата со стилот кој самиот го слуша, а бендот како целина сепак има цел да не се генерализира само со еден музички правец“, кажа Огнен Шапковски, креаторот на видео записот кој воедно е и дел од групата „БАЗА 903“.

Групата во брзо време го планира и својот втор видео запис за траката „Тури тури“, кој несомнено ќе има голем одзив и заинтересираност кај заинтересираната публика како и досега. Членовите на „БАЗА 903“, имаат искуство со бендови, носачи на звук и видео записи, со кое што самата група се позиционира како екипа која не влегува прв пат во музичката индустрија.

Мастерингот на песната е изготвен од страна на Валентино Скендеровски, а видео записот можете да го погледнете горе.



Врати се горе ↑