8 септември, 2013

„Група Македонија еве пак Ви пее…“

Како што најавија на минатогодишниот возобновен Скопски фестивал, трите дами од групата Македонија – Ве­ри­ца Рис­тев­ска, Да­ни­је­ла Пан­че­то­виќ и Зо­ри­ца Поп-Пан­ко­ва подготвуваат нов материјал, а нивното враќање на македонската музичка сцена го имаа на неодамнешниот фестивал „Охридски трубадури – Охрид фест“, кој годинава го прослави својот јубилеј од 20 години.

Темата насловена „Песната е ангелот“ беше претставена на интернационалната вечер на Охрид фест, а како автор на музиката се потпишува познатиот хитмејкер Григор Копров, додека текстот инспириран од животот на славната група го напиша Миодраг Врчаковски.  Одличната изведба на трите прекрасни дами можете да ја погледнете горе.

По настапот на „Охрид фест“, групата најверојатно ќе продолжи со работата на своето ново цеде, а во план се и концертни настапи низ земјата. Македонија функционираше на сцената од 1975 до 1980 година, а во нејзината биографија се запишани четири албуми и повеќе од 2.000 концертни настапи надвор од земјата. „Зм, зм, зм“, „Си зедов мома убава“, „Око зелено“, „Есенска роза“ се само дел од хитовите на групата Македонија.

Групата Македонија некогаш…

 

 

 

 



Врати се горе ↑