Видео

11 октомври, 2016

Громогласен аплауз за битолскиот камерен оркестар и нивната „Џејмс Бонд симфонија“

По повод 36. роденден на Центарот за култура – Битола, во понеделникот (10 октомври) се одржа концерт на битолскиот камерен оркестар насловен „Џејмс Бонд симфонија“. Под диригентската палка на Владимир Димовски, заедно со камерниот оркестар настапија и солистките Наде Талевска, Нина Јанева и Ирена Димовска, секоја од нив наградена со бурен аплауз за одличните изведби на безвременските „Skyfall“, „Diamonds Are Forever“, „Writing’s On The Wall“, „The World Is Not Enough“...

Големата сала беше претесна да ја собере бројната публика, која неуморно ракоплескаше и на почетокот и на крајот од секоја изведба.

14572235_795125740590360_8726645997309136387_n

„Концертов беше вистинско уживање! Немам зборови да ја опишам енергијата на сцена, како и енергијата што ја добивме од прекрасната битолска публика! Чувството после сè е феноменално! Ви благодарам за громогласните аплаузи – најголемата награда за секој уметник/артист! Честитки до Камерниот оркестар на Битола, најголемиот виновник за оваа организација и уживање – Владимир Димовски и секако моите драги колешки Нина Јанева и Ирена Димовска! Сакам пак!“, вака Наде Талевска го изрази задоволството од прекрасниот концерт.

„Битола, фала ти за оваа вечер! Владимир, Наде, Ирена и целиот Камерен оркестар на Битола… We love you people“, додаде Нина.

14705739_795124403923827_7172057871725906685_n

Концертот беше отворен и затворен со главната тема на филмовите за тајниот агент 007, која е дело на композиторот Монти Норман, а дел од атмосферата на битолската „Џејмс Бонд симфонија“ можете да погледнете во галеријата на Центарот за култура – Битола и од снимката во продолжение. Уживајте!

И.Ј.



Врати се горе ↑