Свет galoud

12 ноември, 2012

Грлс Алауд ќе го обележат јубилејот со албум и турнеја

Женската група Грлс Алауд составена од Шерил Кол, Кимберли Волш, Надин Којл, Никола Робертс и Сара Хардинг,  по тригодишна пауза неодамна повторно се собра по повод 10 години од формирањето на бендот. За таа цел девојките минатиот месец го објавија синглот „Something New“ за кој беше снимен и видео запис, а официјално ќе биде објавен на 18-ти ноември како официјален хуманитарен сингл за добротворната организација „Децата со потреби“.

Албумот насловен „Ten“ (Десет) кој всушност е компилација од нивните најголеми хитови, ќе биде пуштен во продажба на 26-ти ноември, а следната 2013 година групата ќе ја започне турнејата под мотото „Ten – The Hits Tour 2013“. 

За време на тригодишната пауза, членките на бендот Кол, Робертс и Којл издадоа соло албуми со различен степен на успех, додека Хардинг и Волш земаа часови по актерска игра. Во продолжение погледете го видео записот за најновиот сингл на групата „Something New“, кој беше промовиран на 19-ти октомври.

 



Врати се горе ↑