Настани 10704111_1095258200499988_8080821899145236238_n

3 март, 2015

„Грин фест“ по седми пат во Штип

Викендов во Штип, по седми пат ќе се одржи фестивалот на електронска музика „Грин фест“ (Green Fest). Локацијата на фестивалот е фојаето на Домот на културата во Штип, а за годинава се најавува одлична и незаборавна забава на две сцени, денс и техно. На техно сцената во Домот на културата со свои сетови ќе настапат диџеј Стефанo, диџеј Ненат Омен и ѕвездата на вечерта Стив Хеј (Stiv Hey). За денс музиката, пак, ќе бидат задолжени македонските диџеи Драган Лазаров од Штип, Марјан од Струмица, Ацика од Битола и Баловски од Скопје.

Влезниците се пуштени во претпродажба по цена од 80 денари, додека картите на влез ќе чинат 100 денари. Забавата, како што најавуваат организаторите, ќе биде надополнета со голема бина, ЛЕД-екрани и специјална визуализација.



Врати се горе ↑