31 октомври, 2012

Грин Деј со спот за „Заборавените“

Бендот Грин Деј го објави видео записот за нумерата The Forgotten“, која ќе се најде на саундтракот за филмот: The Twilight Saga: Breaking Dawn – Part 2.”, а ќе биде пуштен во продажба на 13ти ноември, три дена пред промоцијата на самиот филм.

Нумерата исто така ќе биде дел и од третиот дел ¡Tré!“ од албумската трилогија, а датумот на неговото издавање е поместен за 11ти декември годинава, додека „двојката“ ќе излезе на 13ти ноември.

Поради продолжувањето на терапијата за употреба на опојни супстанци на Били Џо Армстронг, бендот ги откажа сите настапи за месец ноември во Сиетл, а ги одложи и сите закажани гостувања за почетокот на следната година.



Врати се горе ↑