Свет green-day-image

23 октомври, 2012

Грин Деј со албумска трилогија

После осум објавени албуми, од кои последниот беше во 2009 година, американскиот панк рок бенд Грин Деј уште на почетокот на годинава ја подготви албумската трилогија „¡Uno!¡Dos!¡Tré!“ (Еден, два, три). Овој сет се состои од три албума, а ќе следува и четрврто продолжение, односно документарен филм за снимањето на трилогијата со наслов „¡Quatro!“. Првиот дел веќе беше објавен на 25ти септември, додека вториот треба да излезе на 13ти ноември, а третиот е закажан за 15ти јануари следната година. „¡Uno!“ содржи 12 нумери, вториот 13 и третиот 12.

Првобитната идеја за овој проект била сите 38 песни  кои ги снимија да се најдат на еден двоен албум, но Армстронг предложил тоа да биде трилогија по примерот на рок бендот Ван Хејлен (Ван Хејлен I,II и III). Фронтменот на бендот изјави дека инспирацијата само продолжувала да надоаѓа, затоа снимиле песни во толку голем број кои никако не можат да се најдат на еден албум.

Уште еден новитет поврзан со бендот е новиот член, а тоа е гитаристот Џејсон Вајт кој веќе 13 години настапува со нив на нивните турнеи.  На секој од трите албума ќе стои ликот на по еден член од групата, а Вајт ќе биде на „четворката“.

¡Uno!“ го најавија три синглови, а видео записот за вториот од нив „Kill the DJ“ можете да го погледнете тука.



Врати се горе ↑